ВИДЕО: Бред Пит нападнат од украински новинар

Премиерата на филмот „Злобници“ во Лос Анџелес падна во втор план откако контраверзниот украински новинар Витали Седиук предизвикал скандал на црвениот тепих кога го нападнал холивудскиот актер Бред Пит.

Витали е добро познат како некој кој прави проблеми. За него не беше можно да се воздржи ниту на премиерот на новиот филм на Анџелина Џоли „Злобница“ кога буквално го нападнал Бред Пит.

475649_bred-pit-foto-profimedia-rs-3_ff

Како што раскажуваат очевидци, се’ се случило за неколку секунди. Сепак, тоа било доволно Седиук да ја прескокне лентата која ги раздвојува ѕвездите на црвениот тепих од обичните смртници и да се насочи кон актерот.

Тој прво скокнал на Пит, го прегрнал и на крај го удрил в лице. Бред бил шокиран и не стигнал да реагира, но затоа реагирало неговото обезбедување.

Полицијата го привела 25-годишниот Седиук поради нарушување на јавниот ред и за напад и одредена му е кауција од 20.000 долари.

По ова, премиерата на филмот можела да продолжи.