Британец собира донации за да и помогне на Грција да го плати долгот кон ММФ. Досега се собрани околу 1, 9 милиони евра, а за 32 часа истекува рокот кога Грција треба да исплати вкупно 1, 8 милијарди долари. Овој човек од Лопндон изјавил за Раша тудеј дека се одлучил на овој чекор, поради „постојаните одложувања на политичарите во Европа“.
Том Фини, основачот на платформата за кофинансирање „IndieGoGo“, успеа да собере повеќе од 1, 80 милиони евра до вчера.
За осум дена, од денот на објавата вкупно 105, 629 луѓе од цела Европа донирале точно 1. 872. 137 евра.
– Досега собравме 1,8 милиони евра, имаме илјадници пораки за поддршка на акцијата и многу од нив се од Грци, како и од луѓе од целиот свет, вели Фини.
Тој нагласува дека кампањата е инспирирана од политичката рамнодушност кон Грција.
„Имаше постојани одложувања од страна на политичарите во Европа, па си помислив дека сега кога обичните луѓе во Грција се најголеми жртви, дека треба да им помогнам“ , вели тој.
За да се постигне целта, секој жител на Европа треба да донира само околу 3 евра.
– Има 500 милиони луѓе во Европа, кога секој би дал само по 3, 19 евра (колку што чини едно кафе во Лондон), тогаш би успеале да ги собереме сите пари, вели Фини.
Кампањата била прифатена од јавноста, досега повеќе од 100.000 луѓе донирале. Интересно, но најголем дел од луѓето што донираат пари се од Британија и Германија, двете земји членки што заземаа најостар став кон преговорите со Грција.