ВИДЕО| Британец во советска воена униформа го збуни ториевците

Британскиот активист Стив Бреј се појавил на настанот на владејачката Конзервативна партија во воена униформа на Советскиот сојуз, предизвикувајќи вербални препукувања со присутните.

Перформансот започнал кога во текот на настанот заѕвонил телефонот на Бреј, а известувањето за повикот ја емитувал советската химна. Еден од присутните се обидел да го истурка активистот од салта, но Бреј побарач да ги тргне рацете од него и продолжил со расправии со неколку други присутни во салата.ж

Конференцијата се одржувала под покровилтество на организацијата  Big Brother Watch, којашто се залага за граѓанските права и слободи и протестира против технолошките примени кои им овозможуваат на информатичките гиганти да собираат лични податоци од корисниците.

Инаку Стив Бреј е познат во Велика Британија како „Stop Brexit Guy“, а повеќепати имаше провокативни акции на јавни настани. Познат е како жесток критичар на владата на премиерот Борис Џонсон за напуштањето на Европскаа унија. Во 2019 година учествуваше на парлемантарните избори, но претрпе неуспех во сопствената изборна единица.