Британската влада истражува како снимката на сега веќе поранешниот министер за здравство Мет Хенкок на којашта е забележан во интимни моменти со својата асистентка дошла до медиумите и беше принуден да поднесе оставка, во најновиот скандал кој ја погоди владата на премиерот Борис Џонсон.
Откако претходно ги одби повиците за оставка или да го смени Хенкок по објавувањето на снимката на којашто министерот е во интимна прегратка со жената којашто ја именувал на должноста финансирана од даночните обврзници, премиерот Џонсон во саботата је прифати одлуката за повлекување.
Заминувањето на Хенкок е одраз на притисокот врз владата на Џонсон, која управуваше во една од највисоките офцијални бројки за починатите од Covid-19 и беше критикувана поради почетните постапки во решавањето на епидемиолошката криза за кои беше задолжен Хенкок.
Но извештајот на јавниот сервис BBC дека граѓанин на автобуска станица пронашол доверливи документи на министерството за одбрана малку помогна да се олабави чувството на хаос во владата поради коронакризата. Министерството во меѓувреме објави дека го истражува случајот.
Но јавноста и владата сега се заинтересирани за тоа дали министерството за здравство истражувало како е снимен Хенкок во својата канцеларија во владата, а потоа снимката протекла.
Министерот за Северна Ирска, Брентон Луис, во врска со темата за Sky News коментираше „Знам дека министерството за здравство ќе се погрижи точно да сфати како таа снимка… излегла надвор“. Подоцна за Times Radio рече дека владата треба да разгледа две прашања: дали е соодветно камерата да е во кабинетот на Хенкок и, доколку таму била од безбедносни причини, „како тој видеозапис излегол во јавниот простор“.
„Реа на неморалноста“ во британската влада
Откако прво фотографиите во петокот беа објавени на насловната страница на таблоидот The Sun, многу негови колеги конзервативни пратеници приватно го повикаа Хенкок да си замине од должноста, велејќи дека неговата позиција е неодржлива. Оставката ја понуди откако призна дека ги „прекршил епидемиолошките ограничувања“ против коронавирусот, но откако се појави и снимката од надзорната камера.
Премиерот Борис Џонсон, кој веќе се соочуваше со низа скандали вклучително и за финансирањето за преуредување на неговиот стан во седиштетот на владата во Даунинг стрит, прво застана зад својот министер за здравство Мет Хенкок. Потоа ја прифати неговата оставка поднесена во саботата, но навести и дека Хенкок би можел да се врати на некоја висока јавна должност.
Главната опозициска британска Лабуристичка партија отвори низа прашања за скандалот поврзани со Хенкок, вклиучително и за тоа дали поранешниот министер за здравство ги пркршил владините правила. Станува збор за можниот судир на интереси при именувањето на Џина Коледејнџело, која е жената од инкриминирачкото видео а е позната и како лобистка која Хенкок ја познава од факултетските денови и која сега го води одделот за комуникации на синџир продавници кој го основал нејзиниот сопруг. Тоа именување не беше објавено до откритијата на медиумите.
„Велата дека рибата гние од главата надолу. Реата на неморалноста која се шири околу оваа влада доаѓа од самиот врв, а целосното непочитување на правилата и етиката од страна на премиерот ги поставува стандардите за неговите министри“, изјави заменичката на лидерот на лабуристите, Анџела Рејнер, во изјавата со која повика на истрага.
Изданието The Sunday Times, повикувајќи се на документи, известо дека Мет Хенкок се соочува со истрага поради наводите дека ја користел својата лична електронска адреса за водење на владините преписки, со што ги прекршил прописите.
Портпаролот на минситерството за здравство и социјална грижа (DHSC) порача дека „Сите министри во DHSC ги разбираат правилата за користење на личната електронска пошта и владиното работење го изведуваат само преку своите електронски адреси на министерството“.
Новиот министер за здравство Саџид Џавид, кого Џонсон го именуваше набрзо по оставката на Хенкок, го пофали својот претходник, бидејќи „неверојатно вредно работеше“ во текот на пандемијата на коронавирусот. Џавид минатата година поднес оставка на министерската должност во ресорот финансии, откако одби да ги отпушти своите политички советници што го бараше Џонсон.
За BBC Џавид во неделата изјави дека миу претставува чест да ја преземе новата ролја за која призна дека „доаѓа со голема одговорност“.
„Сѐ уште сме во пандемијата и сакал тоа што поскоро да заврши и тоа ќе ми биде непосредниот приоритет да се вратиме во нормалата што поскорио и што е побрзо можно“, изјави Џавид.