Британскиот уметник Сача Џафри веќе седум месеци во хотел во Дубаи работи на слика на платно голема колку две фудбалски иралишта, во желбата да биде впишан во Гинисовата книга на рекордите и да им помогне на сиромашните деца.
Босоног на шареното платно со големина од околу 2.000 квадратни метри, растегнато во познат хотел во Дубаи, Џафри сака да го собори светскиот рекорд за најголема слика на платно и да заработи пари кои би биле наменети за образовни и здравствени иницијативи за сиромашните деца во светот.
Следната седмица, откако ќе го заврши својата работа на големата слика, таа ќе биде исечена на 60 парчиња а уметникот се надева на дополнителни средства кога деловите од негвоиот „Патот на човештвото“ ќе бидат ставени на наддавање во февруари 2021 година.
Оние што ќе ги купат „ќе поседуваат дел од најголемата слика создадена кога и да е, а освен тоа ќе имаат дел од историјата, значи дел од човештвото“, изјави Џафри.
Уметникот кој е афирмиран како еден од пионерите на таканареченото магично реалистично сликарство и се цени како еден од водечките во овој превец, работи на своето дело од почетокот на пандемијата во хотелот во кој заглавил по затвореањето, односно воведувањето на рестриктивните мерки. Појаснува дека пандемијата го натерала да размисли за начините на кои се спојуваат луѓето за да им се помогне на децата, особено на оние кои живеат во најсиромашните делови на светот.
Деца од 140 земји во светот индиректно учествувале во создавањето на ова уметничко дело, испраќајќи му свои слики.
https://www.youtube.com/watch?v=oE1zYV5wCcc