Се чини дека британскиот министер за одбрана Бен Валас ја направи една од најголемите бламажи во историјата на безбедноста на Обединетото Кралство, откако падна во стапицата на руските пранкери откривајќи ги една по една воена тајна.
Последната жртва на Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус кои изминатите години со лажно претстатвување насамарија многи светски лидери и славни личности, стана бротанскиот министер за одбрана Бен Балас, и тоа во заднината на војната на Украина, чијшто еден од најголемите поддржувачи и снабдувачи со оружје изминатите години е токму Велика Британија.
Руските радиоводители пранкери претставувајќи се како „украинскиот премиер Денис Шмихал“ оствариле видео-конференциски повик со шефот на британската одбрана, а Валас ненасетувајќи ја измамата зборувал за низа тајни проекти.
Така во вторникот беше објавен дел од материјалот во кој Валас не ја отфрла можноста Велика Британија да ѝ помогне на Украина за да развие нуклеарно оружје. На 17-ти март пранкерите контактирале него преку видео-повик, а Валас, за кој се вели дека во тоа време бил во Полска, верувал дека разговарал со украинскиот премиер Шмихал, барајќи поддршка од Британија за рестартирање на нивната нуклеарна програма, според шегобијците.
Валас кажал дека на Русија тоа нема да ѝ се допадне и дека мора да разговара за ова прашање со премиерот Борис Џонсон поради важноста на ова прашање. „Принципот е: ние ќе ја поддржиме Украина како наш пријател во изборот што ќе го направите“, вели тој во видеото.
Валас, исто така, потврдува дека Британците испратиле повеќе од четири илјади противтенковски наведувани проектили (ATMG) како помош на Украина, но кои, сепка, понекогаш експлодирале уште при истрелувањето.
Лажниот украински премиер му се пожалил на Валас за наводно лошиот квалитет на противтенковските наведувани проектили, со коишто Британија ја снабдува украинската војска. Министерот не го негира тоа, ниту просечниот квалитет на прокетилите, кои се познати како непосредни наследници на германските проектили од Втората светска војна познати како „панцерфаусти“.
„Веќе ни привршува нашиот сопствен арсенал (на проектилите), но секој ден разговарам со (украинскиот министер за одбрана, Олексиј) Резник или му пишувам пораки“, признава Валас.
Севкупно, според него, украинските партнери добиле „повеќе од четири илјади“ проектили од Британииа,
Во средата, пранкерите објавија уште еден фрагмент од разговорот со Валас, во кој се зборува за изгледите за влез на Украина во НАТО:
„Нам, секако, ни е жал (поради тоа што Украина сѐ уште не е во Алијансата). Британија беше една од земјите коишто сакаа вие да влезете во НАТО“, вели Валас.
Британскиот министер за одбрана притоа вели дека тоа е попречено од „прусуството на дури триесет земји-членки во Алијасата“.
„Не е едноставно да се натера секоја земја да каже ‘да’“, забележува Валас со тон кој покажува незадоволство што во структурата треба да одлуките да се носат по процедурата на консензус.
„Отсекогаш сакавме да се му се приклучите на НАТО, и затоа последните пет години ви испраќаме наши воени специјалисти за да стасате до вистинската фаза“, заклучува Валас.
Пранкерите најавуваат дека наскоро своите следбеници на социјалните мрежи ќе ги почестата со нови пикантерии од разговорот со британскиот министер за одбрана.
https://www.youtube.com/watch?v=AddPg3jAABI