ВИДЕО| Британскиот министер за здравство поднесе оставка поради „непочитување на епидемиолошките мерки“

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок, клучната фугура во владината кампања против пандемијата, објави во саботата оставка на должноста, бидејќи во врската со своја советничка го прекршил епидемиолошките прописи воведени поради Covid-19, што го откри еден таблоид.

„Мораме да бидеме искрени со луѓето кои толку жртвуваа во текот на оваа пандемија, кога сме ги разочарале како што сторив јас прекршувајќи ги насоките“, му напишал министерот за здравство Мет Хенкок на премиерот Борис Џонсон повторно извинувајќи му се.

„Морате многу гордо да го напуштите кабинетот порадио сето она што го остваривте, не само во борбата против пандемијата, туку и прет да нѐ погоди Covid-19“, му одговорил Џонсон и истакнал дека „многу го натажува“ неговото заминување од владата.

Таблоидот The Sun на својата насловна страница во петокот објави фотографија од надзорна камера којашто го прикажува 42-годишниот Мет Хенкок, кој е во брак 15 години и има три деца, како се бакнува со Џина Коледејнџело, негова долгогодишна пријателка чиешто вработување во март минатата година веќе предизвика полемики во јавноста.

Тоа се случило на 6-ти мај, кога камерата за надзор го снимила и моментот кога Хенкок страсно ја бакнува асистентката, додека неговата рака е под нејзината задна половина. Бакнежот наводно се случил во ходникот пред неговата канцеларија во седиштето на министерството за здравство во Лондон на денот на одржувањето на локалните избори во Велика Британија.

Според британските медиуми, Хенкок прво проверил дали ходникот е празен пред да ја затвори вратата од канцеларијата, потпирајќи се на неа за некој да не ја отвори случајно. Таблоидот кој прв објави видео од канцеларијата на Хенкок, тврди дека сите вработени знаеле за неговата афера со соработничката.

Хенкок беше во центарот на владината кампања против пандемијата, рутински порачувајќи им на сонародниците да ги почитуваат строгите прописи против кои тие често и протестираа, па дури и поздравувајќи ја оставката минатата година на реномиран научник кој на сличен начин ги прекршил епидемиолошките прописи.

Хенкок се извини и неговиот досегашен шеф во владата прво му даде поддршка и реке дека случајот е „затворен“. Меѓутоа The Sun во саботата на својата веб-страница ги објави и снимките од надзорната камера и тогаш тргна лавината повици за оставка на министерот, особено од опозицијата.

Опозициската Лабуристичка партија го постави и прашањето и за можниот судир на интереси при именувањето на Џина Коледејнџело, која е позната и како лобистка која Хенкок ја познава од факултетските денови и која сега го води одделот за комуникации за синџир продавници кој го основал нејзиниот сопруг. Тоа именување не беше објавено до откритијата на медиумите.

За нов министер за здравство веќе е именуван поранешниот министер за финансии Саџид Џавид, објави кабинетот на премиерот Борис Џонсон во саботата. Џавид минатата година поднес оставка на министерската должност, откако одби да ги отпушти своите политички советници што го бараше Џонсон.