Судијка од Лос Анџелес во петокот стави крај на старателството кое 13 години го контролираше животот на поп-ѕвездата Бритни Спирс која изјави дека тоа е најубавиот ден во нејзиниот живот.
„Денеска е прекината старателството над лицето и имотот на Бритни Џин Спирс“, изјави судијката Бренда Пени по рочиштето. Додаде дека сегашниот старател ќе продолжи да работи на решавање на тековните прашања на финансиските проблеми во случајот.
Сега 39-годишната пејачка бараше судот да го раскине правниот аранжман кој од 2008 година го регулираше нејзиниот личен живот и сопственоста во износ од 60 милиони долари. Бритни не присуствуваше на рочиштето во петокот во Лос Анџелес.
Нејзините обожаватели пред судот се веселеа на одлуката и го отпеаја нејзиниот хит „Stronger“.
Старателството го издејствува и го контролираше нејзиниот татко откако таа претрпе псхички слом во јавноста и беше подложена на лекување за ментални проблеми чиишто поединости не се објавени.
Откако во јуни годинава во емотивното сведочење ги откри личните маки низ коишто со години минувала, Спирс доби голема поддршка од јавноста и ангажираше нов адвокат кој агресивно тргна кон укинување на ограничувањата. Во јуни на судот пејачката изјави дека е трауматизирана и дека го сака својот „живот назад“ што е поскоро можно.
Никој од вклучените во старателството во петокот не се противел на барањето за неговото завршување.
Клучното прашање во петокот беше дали судијката ќе побара од Спирс да се подвргне на процена на менталното здравје, што е чекор кој често се презима при одземање или укинување на старателството, но тоа не го стори.
Интересот за случајот последната година го поттикна документарните филмови и движењето #FreeBritney кое го покренаа нејзините обожаватели кои прашуваа зошто пејачката живее под ограничувања додека успешно настапува ширум светот и заработува милиони долари.
Спирс во петокот изјави дека тоа бил нејзниот најдобар ден во животот.
„Боже, толку ги сакам своите обожаватели, што тоа е лудо! Мислам дека ќе плачам во остатокот од денот! Најдобриот ден некогаш! Слава му на Бога!. Можам ли да добијам амин!“, напиша Спирс на својот Instagram со хаштагот #FreedBritney.
View this post on Instagram