ВИДЕО| Бритни Спирс и Мадона го повторија славниот бакнеж

На венчавката на Бритни Спирс, коешто се одржа оваа седмица, Бритни и Мадона го повторија нивниот славен бакнеж на сцената на доделувањето на наградите на MTV во 2003 година.

Бритни и Мадона тогаш, пред речиси две децении, заедно со Кристина Агилера, го изведоа хитот „Like a virgin“ на Мадона. Во текот на изведбата, која од публиката ја следеше и тогашното момче на Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк, како и тогашниот маж на Мадона, Гај Ричи, Мадона Бритни и Кристина ги бакна во устите.

Оваа седмица Мадона на Instagram објави фотографија на коишто таа и Бритни повторно се бакнуваат, овојпат на прославата на венчавката на поп-прицезата. Бритни Спирс се омажи за Хесам Сем Ашгари, кој е фитнес тренер и модел, во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

„Бритни, изгледаш толку среќно и вљубено. Ви посакувам тебе и на Сем сѐ најдобро! Синоќа беше забавно и за потење“, напиша Мадона.

Мадона објави и заедничка фотографија на којашто со Бритни, којашто носеше раскошна венчаница на Версаче, позираат Донатела Версаче, Парис Хилтон, Селена Гомез и Дру Баримор.

Бритни и нејзиниот сопруг се запознале на снимањето на спотот „Slumber Party“ во 2016 година, а се венчаа во септември минатата 2021 година. Тогаш пејачката изјавила дека „просењето многу доцнеше“.

Венчавката беше одржана неколку месеци откако беше завршено 13-годишното старателство кое го контролираше животот на Бритни Спирс. Таа контроверзна одлука ја прекина Врховниот суд во Лос Анџелес ланскиот ноември.