Бројот на жртвите во експлозијата на пазарот за прехранбени продукти во градот Шојан во централната кинеска поровинција Хубеи се зголеми на 25 луѓе, информираше во понеделникот на брофингот за медиумите регионалната администрација.
Во неделата кинеската државна телевизија извести дека во инцидентот 12 луѓе ги загубиле животите и 138 беа повредени.
И во понеделникот на местото на експлозијата продолжуваат со работа полицијата и спасувачки тимови, во кои се вклучени 170 лица и бројна техника. Првично дури 2.000 лица биле вклучени во операциите на потрага и спасување на преживеаните. Според последните информации најмалку 120 луѓе се хоспитализирани, од кои 25 се во критична состојба.
Спасувачките екипи морале да користат тешка градежна механизација за да ги извлекуваат луѓето под бетонските плочи на урнатиот објект. Вкуоно 913 семејства биле евакуирани од областа.
Експлозијата се случила во неделата околу 6,30 часот утрото по локално време, во регионот Жангангван. Ударниот бран целосно ја уништил зградата на пазарот, а испукале и прозорците на околните зграи во околината. Според првичните сознанија на истрагата, истекувањето на гас за домаќинствата е веројатна причина за инцидентот.
Како што известија локалните власти, зградата била изградена во раните 1990-те години, а на приземјата од објектот биле сместени 19 различи институции, меѓу кои и аптеки и ресторани. На вториот кат, пак, биле простории за организирање на настани, но немало станбени простории. На спротивната стана од улицата, пак, имало различни киосци и продавнции, кои биле силно оштетени.
https://www.youtube.com/watch?v=N7FazaTPrzk