(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот во Албанија се искачи на 35, министерката не можеше да ги сопре солзите

Бројот на жртвите од земјотресот кој во вторникот утрото ја погоди Албанија се искачи на 35 луѓе а повредени се уште 658, пренесува во средата вечерта електронското издание на весникот Albanian Daily News, повикувајќи се на податоците од властите.

Весникот пишува дека средата е тежок ден за Албанија, бидејќи од под урантините се пронајдени многу безживотни тела. Сепак, според портпаролите на владата, 47 луѓе се спасени од под урнатините, додека тимовите за потрага и спасување ќе продолжат да работат целата ноќ во погодините подрачја и покрај лошото време и дождот.

Министерката за одбрана Олта Џачка, читајќи ги имињата на загинатите во разорниот земјотрес не можеше да се воздржи и заплака.

„Ова е мојот најтежок говор. Можеме да ги обновиме уништените згради, но не можеме да ги вратиме животите на сиве овие граѓани кои загинаа во земјотресот на 26-ти ноември“, изјави министерката за одбрана.

Таа започна да ги чита имињата на досега познатите жртви, но на средината на листата не издржа, и по куса пауза продолжи низ солзи. Меѓу новите жртви се деца од четири и осумгодишна возраст, старци на 77 и 79 години, мажи и жени на сите возрасти.

Албанскиот премиер Еди Рама ги откажа прославите во четвртокот по повод Денот на албанското знаме, објавувајќи национална жалост и вонредна состојба во Тирана и Драч, кои заедно со Тумана се разурнати од земјотресот со магнитуда од 6,4 според Рихтер.

Локалните медиуми потсетуваат дека во јули годинава албанскиот премиер Илир Мета со официјален допис ги повикал премиерот Еди Рама, вицепремиерот Ерион Брачка и министерката за одбрана, да се подготват за „апокалиптичен замјотрес на Балканот“, повикувајќи се на податоци од грчкиот сеизмолог Акис Целентис. Министерката Џачка во својот одговор напишала дека според албанските саизмолози, не постои веројатност од катастрофален земјотерес и оти нејзиниот ресор е подобро подготвен за справување со природни катастрофи „од кога и да е во претходните 30 години“.

Подрачјето на Драч беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 5,8 според Рихтер и на 21-ви септември. Тогаш беа пријавени големи оштетувања на голем број јавни објекти и станбени згради, вклучително и во главниот град Тирана.