Бројот настрадани во експозијата во неделата во трговскиот центар „Сурмалу“ во ерменската престолнина Ереван надмина 50, објави ерменското министерство за вонредни ситуации.
„Според последните податоци во моментов (…) настрада 51 лице“, се наведува соопштението. Претходно беше известено за еден загинат и 34 повредени.
Ерменското министерство за здравство прецизира дека меѓу настрадани има и 12 малолетници. Едно дете е на оддел за интензивна нега, додека другите се отпуштени по укажаната медицинска помош.
Силна детонација рано претпладнето во недела го потресла трговскиот центар „Сурмалу’. Според градските власти на Ереван, експлозијата се случила во продавница со пиротехнички материјали, по што настанал пожарот. Сепак, официјално причината за инцидентот сѐ уште не е позната.
Според локалните медуими, од детонацијата и пожарот се урнала зградата во којашто се наоѓала продавницата. Се стравува дека под урнатините сѐ уште има луѓе, чијашто судбина засега е непозната. Се додава и дека пожарот и по неколку часа не е изгаснат. И оти спасувачките тимови се на теренот.