Бројот на жртвите во пожарот кој избува во неделата во трговски центар во сибирскиот град Кемерово достигна 37 смртно настрадани а околу седумдесет се водат како исчезнати, соопшти во неделата вечерта претставник на оперативниот штаб на службите за итни ситуации.
„Според прецизираните податоци, во пожарот во трговско-забавниот центар загинале 37 лица“, изјавил соговорникот на агенцијата РИА:
Според претходните податоци, во пожарот животите ги загубиле пет лица, меѓу кои три жени, едно дете и еден маж, а триесетина настрадани се хоспитализирани.
Пред да биде објавена бројката од 37 смртно настрадани, медиумите повикувајќи се на извори од спасувачките служби како исчезнати се водат 69 лица, меѓу кои 40 деца, а бројот на повредени изнесува 43 луѓе.
Според првичните сознанија, пожарот најверојатно избувнал во една од киносалите на четвртиот кат од трговскиот центар на кој имало и игротеки за деца. Истрагата во првичните наоди констатирала дека помошните излези не биле во функција, а имало и други безбедносни пропусти според прописите на објекти со голема фреквенција на луѓе.

Во огнената стихија изгореле илјада квадратни метри од трговскиот центар, а двесте лица биле евакуирани.
Кемерово, индустриски град се наоѓа во центарот на Сибир, околу 3.600 километри источно од Москва.