Бугарскиот премиер Кирил Петков доби снежна топка во глава за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.
„Време е да се каже дека Бугарија е над се’. Среќен празник Бугари!“, рече Петков, кој беше погоден од снежна топка.
Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив. Според објавеното во бугарските медиуми, граѓаните биле незадоволни од позициите на Бугарија во однос на руско-украинската воена криза, и многумина на собирот вееле руски знамиња.
https://www.youtube.com/watch?v=pmlSHIwqsYI&t=2s