ВИДЕО: Цел стадион му се смее на 50 Сент

Светските познатиот рапер 50 Сент доби прилика свечено да го отвори и да го изведе почетниот удар на бејзбол натпреварот меѓу тимовите на Њујорк Метс и Питсбург Пајрат.

И се’ би било добро, ако раперот не го изведеше ударот толку лошо што наместо кон играчот што треба да ја прими топката, таа заврши во камерманот.

50 Сент по ова беше повод за голем број шеги и потсмевања, па неодолеа ни тој па на Твитер напиша: „50 Сент е добар, но Куртис Џексон не знам што не е во ред со него“.