![133395964 алфите](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/133395964-6.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Чавков рече дека во текот на денешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.
„Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и псоле моето јавување ги повлече луѓето“, рече Чавков.
Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже во текот на денешниот ден, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани