
На вработените во Алтон Тауерс им биле потребни околу 10 минути за да стасаат до повредените во вчерашниот инцидент со ролеркостерот во тематскиот парк Стафордшајр во Велика Британија, пишува Дејли меил.
Двајца мажи на возраст од 27 и 18 години и две девојчиња на возарст од 19 и 17 години се здобиле со посериозни повреди на нозете откако нивниот вагон се судри со друг празен вагон.
Постојат известувања дека едно лице од повредените ја загуби ногата во несреќата, а тематскиот парк денес е затворен откако претходно беше покрената истрага за причините за несреќата.
Патниците, некои и во безвесна состојба и покриени во крв виселе на околу 8 метри височина додека чекале да пристигне помош.
Четворицата посериозно повредени патници со хеликоптер веднаш биле бренесени на клиничките центри, а додека 16 други патници биле спасени додека виселе на височина од 8 метри и под агол од 45 степени. Спасувањето на некои од патниците траело подолго и од четири часа.