ВИДЕО| Четири жртви и шест исчезнати во падот на борбениот авион во град во Русија

Најмалку четири луѓе загинале а уште шест други се водат како исчезнати откако руски воен авиони „Су-34“ се урна во понеделникот попладнето пред зграда во градот Ејиск на југот со Русија.

„Според првичните информации, настрадале 25 луѓе, од нив четири лица загинале, со шест не може да се воспостави контакт“, соопшти регионалната Служба за вонредни ситуации.

Видео-снимката којашто ја објави воени телевизиски информативен канал „Звезда“, прикажува експлозии на авионот „Сухој Су-34“, надвзвучен ловец-бомбардер со среден долет, кој лета кон зградата додека пилотите се катапултираат.

Рускиот Истражен комитет, кој се занимава со тешки катастрофи, објави дека отворил кривична истрага и испратил иследници на самото место.

Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин е известен за инцидентот и дека побарал да се пружи сета неопходна помош на семејствата на жртвите и настраданите. Им наложил на министрите за здравство и за вонредни состојби да одлетаат на местото.

Регионалниот гувернер Венијамин Кондратиев изјави дека пожарот зафатил пет од деветте ката во којашто живееле 600 лица, како и дека 17 станови се оштетени. Најмалку 250 луѓе, од нив 40 деца, биле евакуирани веднаш по ударот за кој сѐ уште не е јасно дали бил директно во зградата или во дворот. Претходно беше соопштено дека авионот се урнал пред зградата а дека пожарот избувнал по експлозија на резервоарот.

„Според извештајот на пилотите кои се катапултирале, причина за падот на авионот е пожарот на еден од моторите при полетувањето. На местото на падот….. во една од станбените квартови, се запалило горивот во авионот“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана