ВИДЕО| Четворица го преживеале падот на рускиот авион во Авганистан

Спасувачите ги открија останките од рускиот авион од типот „Falcon 10“ кој во неделата се урна во Авганистан и според првичните информации четири лица го преживеале падот за кој причините и околносите сѐ уште не се познати, соопшти руската Федерална агенција за воздухопловен сообраќај.

„Според информациите од руската амбасада во Авганистан, локалната копнена служба за потрага и спасување го пронашла авионот Falcon 10“, се вели во објавата на службата на нејзиниот канал на платформата Telegram.

Се додава дека, од шесте лица кои се наоѓале во авионот, четири ја преживеале несреќата и се со различни степени на повреди. Се уточнуваат податоците за судбината на другите две лица.

Телевизискиот канал Afghanistan International објави дека еден од Русите кои преживеале авионска несреќа во Авганистан успела да дојде до блиско село и побарал помош од локалните жители користејќи знаковен јазик.

Како што претходно во текот на денот беше објавено, авионот од француско производство бил регистриран во рускиот државен регистар на цивилни авиони. Според најавата, авионот бил ангажиран на чартет медицински лет, а местото на неговото полетување бил ародромот У-Тапао на Тајланд.

Сојузот на руските тур-оператори објави дека во авионоте имало четворица членови на екипажот и двајца патници – брачна двојка од градот Волгодонск. Првично било соопштено дека авионот ќе полета од тајландското место Патаја, каде што жената била на лекување. Авионот слетал во Индија да наполни гориво а потоа полетал по најавената рута, по што исчезнал од радарите во близина на границата меѓу Авганистан и Таџикистан.

Руските медиуми, повикувајќи се на стручњаци од цивилното воздухоплвоство, наведуваат дека причината за падот можно да е погрешната пресметка за горивото, кое можеби брзо да било потрошен поради отпорот од силниот челен ветер. Истражниот комитет отвори претходно истрага по дело за предизвикување несреќа со смртен исход за две и повеќе лица.