Четири лица загинале при пад на цивилен хеликоптер во англискиот град Норфлок.
Несреќата се случила синоќа околу 21 часот во близина на селото Гилингем.
Остатоците од леталото беа пронајдени по неколкучасовно трагање во област.
Портпаролот на полицијата на Норфлок потврдил дека станува збор за цивилен хеликоптер во кој имало четири лица, за кои се верува дека починале веднаш при падот. Се претпоставува дека причина за несреќата е маглата лошите временски услови.
Местото на падот е само 50-ина километри оддалечено од местото Клеј каде што во јануари се урна американски воен хеликоптер при што загинаа, исто така, четири лица.