Четворица осомничени напаѓачи уапсени по смртоносниот напад во концертна сала во близина на Москва се странски државјани, соопшти во саботата руското Министерство за внатрешни работи
Русија во саботата соопшти дека ги уапсила сите четворица осомничени вооружени лица за нападот во кој загинаа 140 лица кои по нападот според однапред договорена рута со возило се упатиле кон границата на Украина. Уапсени се во полициска потера на стотина килоемтри од границата, во областа Брјанск. Специјалните служби вкупно уапсија 11 лица, а четворицата од нив биле директно вклучени во терористичкиот напад во салата.
Продолжуваат активностите на можни други соучесници, вклучително и по лицата кои преку социјалните мрежи и интернет комуницирале со напаѓачите. соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.
Претходно на каналите Telegram се прошири информација дека осомничените наводно се државјани на Русија.
„На голем број Telegram канали и социјални мрежи денеска циркулираа наводи дека четворицата осомничени за терористичкиот напад на 22 март во Градското собрание Крокус, кои побегнаа со автомобил ‘Рено Логан’ и потоа беа приведени во областа Брјанск, се државјани на Русија. Оваа информација не е точна. Сите се странски државјани“, се наедува во објавата на портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.
Додава дека напаѓачите имале маски, наспроти информациите дека биле со откриени лица кога отвориле оган врз масата луѓе во концернтата сала. Волк додаде дека одделенијата за миграција на руското Министерство за внатрешни работи, во соработка со колегите од руската ФСБ (разузнавање), ја проверуваат основата и го дознаваат времетраењето на престојот на секој од приведените во Руската Федерација. Адресите на вистинскиот престој, како и други значајни околности, исто така се утврдени.
Претходно беше објавено дека напаѓачите имале пасоши од Таџикистан, но таа земја негираше дека се нејзини државјани. Министерството за внатрешни работи на Таџикистан соопшти дека три лица, чии пасоши поседуваат напаѓачите, биле пронајдени во земјата каде што биле во моментот на нападот на салата.
Сепак, на едно од видеата од првичното сослушување на уапсените, еден од нив разговара со полициските иследници со помош на преведувач од таџикистански јазик.