ВИДЕО: Чинија што ги впива калориите

Замислете да можете да јадете поздраво, а притоа да не треба да менувате ништо во вашата исхрана и да можете да уживате во храната без разлика на тоа колку е мрсна. Се што ви треба е нов сет чинии!

Маркетиншката агенција BBDO Bangkok во соработка со компанијата Thai Health Promotion објави реклама со чинија што ги апсорбира калориите, а што е првенствено наменета за пазарот во Тајланд.

Инаку оваа земја е позната по локалната кујна која редовно при подготовката на храната користи фритези и пржење.

Сепак идејата моментално е само дел од маркентинг кампања што промовира поздрав начин на прехрана па овие чинии не се достапни во продажба, сепак оваа идеја се чини одлична.