ВИДЕО| Циклонска бомба во САД, силни налети на ветрот и обилен снег

Снежната вејавица која веќе два дена минува низ североистокот на САД продолжи во неелата носејќи обилни снежни врнежи и силен ветер со налети со брзина до 120 километри на час.

Во Бостон во саботата вечерта се измерени речиси 60 сантиметки снег, како и во рекордната 2003 година, а целиот региони е речиси парализиран, владее сообраќаен хаос, прекинато е снабдувањето со електрична енергија а температурите се поларни.

Виулицата претставува „циклонска бомба“, бура којашто се карактеризир со експлозицна сила со брз пад на атмосферскиот притисок, потврди националанте метеоролошка служба (NWS).

Службата забележала налети на ветерот од 80 до 120 километри на час и прогнозира изворедно ниски ноќни температура и предупредува на снабдвуањето со електрична енергија. Повеќе од 95.000 домаќинства останале без струја, објавија во саботата ноќта локалните власти.

Неколку американски градови пријавија апсолутни рекорди со повеќе од 70 сантиметри снежна покривка. Властите затоа од саботата вечерта апелираа до жителите да ги избегнуваат движењата барем до неделата попладнето по локално време, поради намалената видливост.

Во Њујорк механизацијата бавно ги чисти улиците, во Централ парк наврнале 20 сантиметри снег и многи железнички линии се во прекин. Подземната железница функционира речиси нормално и служи како засолниште за илјадниците бездомници во американскиот мегалополис.

Северно од Њујорк, на Лонг Ајленд, во средиштето на бурата, наврнале 60 сантиметри снег. Една жена таму е пронајдена мртва во својот автомобил.

Во саботата во регионот се одложени повеќе од 3.500 летови, а повеќе од 1.200 се одложени за неделата.

Бранот студ го зафатил целиот брег. На тропската Флорида објавени се предупредувања за голомразица. Температурите се близу нулата. Медиумите илуструраат дека толку е студено што игуаните паѓаат од дрвјата омамени од студот или угинати.