Кошаркарите на ЦСКА Москва излегоа како победници од вечерашната битка против Баерн Минхен во Евролигата.
Гостите од Русија славеа со 89-81 и со тоа покажаа како се игра против „баварците“ кои се најпријатното изненадување во досегашниот тек на сезоната. Ова за „армејците“ беше петти триумф во низа, а во истиот лидер беше Џејмс со 25 поени и Милутинов со дабл-дабл ефект од 18 кошеви и 12 скокови.
Сега ЦСКА има ист учинок како вечерашниот противник од 7 победи и 3 порази.
Анадолу Ефес го понижи Химки на негов терен совладувајќи го со 105-77. Турскиот состав држеше темпо и ритам низ сите 40 минути, одигра квалитетно во нападот и со тоа дојде до триумфот број 5 во кампањата.
Ларкин и Плајс искомбинираа 38 поени, додека Мики и Тима реализираа по 13 за Химки.
Во третата средба Басконија беше подобра од Панатинаикос со 93-72.