Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на централна Јапонија. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.
Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден метар веќе го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтер бил на длабочина од 13 километри , а епицентарот бил на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамику.
Нему му претходеше земјотрес со јачина од 5,7 степени.
BREAKING: Japan Meteorological Agency says a powerful 7.6-magnitude earthquake has struck Ishikawa Prefecture. Credit: HAB pic.twitter.com/Y4ZW60wR0q
— Nahel Belgherze (@WxNB_) January 1, 2024