(ВИДЕО) „Да ви еб*м матер српска“ – патник се закануваше со бомба во авион

За време на еден од летовите на релација Билунд – Тузла дошло до инцидент кога еден од патниците од Тузла, но со данско државјанство, почнал да им се заканува на другите патници дека ќе активира бомба и вербално го навредувал персоналот во авионот.

Како што објавија дел од регионалните медиуми, станува збор за Сулејман Имамовиќ којшто е државјанин на Данска.

Поради тоа што немало услови да слета во Тузла, авионот бил пренасочен да слета во Белград. Откако им било соопштено на патниците, Имамовиќ почнал да пцуе и да навредува бидејќи не сакал да слета во Србија.

– Да ви еб*м српска мајка, да ви еб*м матер во уста српска, да ви еб*м матер што ме носите во Србија, ќе го урнам авионот, ќе се убијам себе и жената, извикувал Имамовиќ.

По дополнителни консултации со српското обвинителство, против државјанинот на Данска е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, како и загрозување на безбедноста на воздушниот простор.