Министерот за надворешни работи на Србија, Ивиа Дачиќ, во телевизиски настап се пожали дека српските челници во Европската унија трпат критики што го користат уставното име кога и се обраќаат на Република Македонија.
Дачиќ во гледаната емисија „Кирилица“ рече дека во Европската унија, а особено Грција се лутат поради тоа, и истакна дека Македонија за возврат гласа за прием на Косово во УНЕСКО.
Дачиќ е убеден дека во Македонија постои едно антисрпско расположение но дека Србија е земја која најмалку ги оспорува македонските работи, како што се име, идентитет и јазик. Згора, рече, шефот на срспакта дипломатија се заговара да во македонскиот парламент да биде донесена резолуција во којашто се бара Србија да биде означена како земја која извршила геноцид врз Албанците.
Односите меѓу Македонија и Србија се на принципот топло-студено а особено беа затегнати за време на настаните во македонскиот парламент каде беа забележани дипломати вработени во српската амбасада во Скопје.
Обид за подобрување на односите имаше за време на посетата на премиерот Зоран Заев на Белград кога беше истакнато дека двете земји ги врзува искрено пријателство и дека сите несогласувања и отворени прашања ќе се решаваат низ дијалог.