Најпознатата реална ѕвезда, старлетата Ким Кардашиан секојдневно ги полни страниците на жолтиот печат, а нејзиниот љубовен живот ја заинтригира светската јавност.
Кога беше објавено дека таа е во врска со раперот Кание Вест и дека планираат нивната љубов да ја крунисаат со брак, многумина тоа го прифатија со доза на неверување, затоа што тоа е трет брак на старлетата. Сепак нивната венчавка се одржа, а двојката во меѓувреме доби две деца.
Сепак, во последно време се појавија сомнежи дека нивниот брак е само маска за медиуми, а таа приказна беше потврдена и со нивното појавување на доделувањето на МТВ ВМА наградите. Имено, се додека беа свесни за присуството на камерите глумеа дека се во среќен брак и разменуваа нежности, а потоа се појави и едно видео од зад сцената.
На видео снимката се гледа дека Ким седи во другата страна на собата во однос на нејзиниот сопруг и дека и двајцата гледаат во нивните телефони, не обрнувајќи внимание еден на друг.