(ВИДЕО) Дамиано од „Манескин“ го опцу Путин за време на концерт во Рим

Фронтменот на бендот „Манескин“, Дамиано Давид го опцу претседателот на Русија, Владимир Путин. „Манескин“ синоќа имаа концерт во Рим, а Дамиано со својата пцовка упатена кон Путин изненади многумина.

Тој го опцу Путин за време на изведбата на песната „Gasoline“ која беше снимена на почетокот на април, а со неа бендот се приклучи на иницијативата „Stand Up for Ukraine“ на организацијата „Global Citizen“, на која досега и се приклучиле многу светски ѕвезди.

Постапката на Дамиано предизвика поделени реакции кај публиката, но и на социјалните мрежи каде видеото на големо се споделува. И додека некои решија да го критикуваат фронтменот на групата, други го поддржија неговиот потег.