Тоа немаше да биде можно без помошта од Белгија, која иако веќе беше пласирана, одигра спортски и ја совлада Финска (2-0), која како трета ќе чека шанса за место во полуфиналето. Дамсгард во 38. минута го откри резултатот, а Полсен зголеми на 2-0 во 59. минута. Мала надеж за Русите донесе голот од пенал на Ѕјуба во 70. минута, но Кристенсен во 79. и Маеле во 82. минута донесоа огромна радост на сите на стадионот. Храдецки во автогол во 74. минута и Лукаку во 81. минута, пак, го донесоа третиот триумф во низа на Белгијците.
Белгија е убедливо прва со девет бодови, додека останатите селекции имаа по три бодови, со тоа што Данците имаа најдобра гол разлика во меѓусебните дуели, по што следуваат Финска и Русија.