Само пред девет дена Македонија се прости со својот маестрален диригент и композитор Александар Џамбазов. Неговиот син Игор утрово преку песна уште еднаш се прости со својот татко, а како што напиша – денеска маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години.
Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени…
Довидување, маестро мој…, напиша Игор и сподели емотивно видео на Инстаграм.