Околу 30 светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, се собраа денеска во Париз за да присуствуваат на погребот на поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, кој почина во неделата на 86 години.
Воените почести ќе бидат оддадени во Палатата на ивалиди, каде неговиот ковчег е изложен од вчера, а поворката по него ќе тргне кон црквата Сан Сулпис, каде ќе биде одржана меморијална церемонија во присуство на домашни и странски политичари.
Ширак ќе биде погребан на гробиштата Монпарнас, покрај неговата ќерка Лоранс која починала во 2016 година, пренесува Ројтерс.
Актуелниот француски претседател после тоа ќе приреди ручек за странските лидери во Јелисејската палата.