Најмалку десет лица се повредени ноќта кон неделата во вооружен напад во англискиот град Манчестер, јавува агенцијата DPA.
Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во квартот Мос Сајд во 02,30 часот по полноќ, по добиена информација за пукотници.
Настраданите, кои биле веднаш хоспитализирани, имаат различен степен на повреди.
Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал, кој се одржувал во квартот.
Други детали за случајот засега не се соопштуваат, а истрагата е во тек.
Shooting at Manchester Moss Side post carnival street party pic.twitter.com/b3jRjuNMrz
— UK Rap (@UKRap) August 12, 2018