Патиките на „Конверс“, „All star“, се неодминлив дел од облеката, речиси за секого. Ги носат и младите и повозрасните, а за нив дури била снимена и песна. Без разлика на тоа колку се популарни, сигурно постојат работи за нив што не сте ги знаеле.
- Првиот пар од овие патики бил произведен пред 98 години, односно во 1917 година.
- Првиот пар „стартки“ бил црвен.
- Чак Тејлор е првиот спортист што ги носел.
- Во 1932-вата потписот на Тејлор се нашол на логото.
- „Стартките“ се омилен бренд на рок -ѕвездите.
- Досега се имаат појавено во 648 филмови.
- Во 2001-вата „Конверс“ банкротираше, во 2003-тата беше преземен од „Најк“.
- Во 2009-тата стартките добија нов дизјан па на нив заживеаја ликовите од стриповите, филмовите, светот на музиката…
- По примерот на „стартките“ направени се најголем број фалсификати во светот.
- Најголемата „стартка“ се наоѓа во Токио, долга е пет метри и направена е за да се соберат пари за жртвите од земјотрес.
Освен тоа, стартките се патики што најчесто се фрлаат во воздух. Засега никој не знае зошто тоа е така, но кока ќе имате прилика фрлете ги и вашите високо, не за друго, туку за уште повеќе да ја засилите статистиката.