(ВИДЕО) Десет загинати во уривање на зграда во Индија

Најмалку десет лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на четирикатен објект кој служел како хотел  во градот Индоре во Индија.

Спасувачката операција, што беше спроведена во текот на ноќта веќе е при крај, а локалната полиција смета дека нема повеќе лица под урнатинити.

Десет лица се извлечени живи од под остатоците од објектот. Причината за несреќата се уште не е позната.

Медиумите пишуваат дека зградата се урнала откако маж влетал со автомобил во предниот дел на објектот.