ВИДЕО| Десетина израелски војници загинаа во судирите со Хезболах

По информациите за неколку ранети на границата со Либан, израелската армија во средата ги призна првите загуби во судирите со Хезболах, откако пред два дена ја започна својата копнена инвазија во јужен Либан против шиитското движење.

Првични израелската армија соопшти дека командант на вод е убиен во Либан. Тоа беше првата борбена смрт што Израел ја објави во Либан, и прва откако Хезболах објави дека има судири во пограничните градови.

„За време на битката загинал капетанот Ејтан Ицак Остер (22), командант на одредот во единицата Егоз“, соопшти израелската армија.

Од друга страна, израелски извори за Sky News Arabia изјавија дека повеќе од десет израелски војници загинале во судирите во јужен Либан. Хезболах објави дека цел биле израелските сили со ракети и артилерија кои се обиделе да се инфилтрираат во градот Ал-Адис.

Подоцна во средата вечерта израелската војска ги објави и имињата на уште десет загинати војници кои загинале во средата попладнето, откако во борбите беа вклучени копнени и оклопни единници. Станува збор за осум млади офицери на возраст од 21 до 23 години, и двајца штабни комананти, главно припадници на бригадите командоси и извидувачи. Се додава и дека има и ранети војници, чија бројка не е објавена, а сите жртви се во три одвоени судири со припадниците на Хезболах.

Израел има значителна предност кога станува збор за воздушната огнена моќ, но секогаш се претпоставуваше дека Хезболах ќе има предност на теренот во случај на копнена инвазија.