(ВИДЕО) Димитров го прекина говорот за Денот на Европа за да оддаде почит на химните емитувани на свеченоста на руската амбасада за Денот на победата

По повод Денот на победата над фашизмот денеска во Скопје беа организирани повеќе настани , а дел од нив се реализираа речиси истовремено. На една од нив говореше вицепремиерот Никола Димитров кој мораше да го прекине говорот за да оддаде почит на химните кои се изведуваа на настанот кој со иста цел се организираше на 50 метри оддалеченост од него.

Димитров учествуваше на настанот Ден на Европа заедно со  евроамбасадорот Дејвид Гир кој се реализира пред канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност, а на неколку метри од овој настан  Руската амбасада во Скопје  истовремено  ја славеше победата над фашизмот.