Бендот „УНРокс” основан од шестмина дипломати, поранешни и сегашни амбасадори на Обединетите Нации, заедно со повеќе пријатели сними нова верзија на песната „Heal the World” на Мајкл Џексон.
Оваа преработка e посветeна нa сите здравствени работници – хероите на првите борбени линии на фронтот во борбата против корона-епидемијата.
Еден од членовите на бендот е Милан Милановиќ, амбасадор на Србија во ОН. Во составот, за песнава, се и Симона Микулеску (Романија), Гиљермо Ришчински (Канада), Антонио Педро Монтеиро Лима (Република Зелен ’Рт), Едуардо Улибари (Костарика) и Марлен Мозес (Науру) и дваесетина други. Бендот соработува и со познатиот композитор Гери Фрај.
Песната ја обележува и 75- годишнината од основањето на Обединетите Нации.