ВИДЕО: Директорите на Ер Франс бегаа голи од лутите работници

Бесни работници на компанијата Ер Франс протестираа пред седиштето на компанијата откако беше најавен отказ за 2.900 работници.

За време на нередите, двајца директори вчера едвај спасија жива глава од гневните работници. Помошникот-директор за човечки ресурси, Хавиер Бросет, бил опколен од неколку стотини работници кои упаднале во фирмата и го прекинале состанокот на Средишниот совет на компанијата во предградие на Париз.