Американскиот весник The New York Times (NYT) спровел сопствена истргата за трагедијата по ракетниот напад на 6-ти септември врз Костјантинивка во источна Украина, доаѓајќи до заклучокот дека за еден од најсмртоносните напади во земјата во изминатите неколку месеци со 16 жртви одговорноста паѓа на украинската војска.
Интересно е што написот е објавен во понедленикот по локално време, дена пред укринскиот претседател Володомир Зеленски да допатува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН, во чии рамки ќе се обрати од говорницата а ќе се сретне и американскиот претседател Џо Бајден и со другите западни сојузници.
„Доказите собрани и анализирани од NYT, вклучително и фрагменти од проектили, сателитски снимки, сведоштва на очевидци и објави на социјалните мрежи, силно сугерирараат дека трагичниот напад бил предизвикан од пренасочена украинска ракетиа на противвоздушната одрбана истрелана од системот БУК“, се вели во написот.
Тој ден, како што изјави Володомир Зеленски кој во Киев се среќаваше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во градот кој е под украинска контрола во југоисточниот одметнат регион Донбас кој сега е анектиран од Русија, се случил напад на руските „терористи“ , а неколку мејнстирм западни медиуми го следеа истиот наратив.
Но во написот на NYT се истакнува дека „се чини“ оти станува збор за „трагична несреќа“, како и дека консултираните експерти за противвоздушна одбрана велат дека ракетите што доалетале на пазарот може да отстапиле од нивниот курс поради повеќе причини, вклучително и електронски дефект или крилцето за наведување да е оштетено или отсечено во текот на лансирањето.
„Веројатниот пад на ракетата се случил во услови на вообичаени борби во околината. Руските сили ја гранатираа Костијантинивка претходната ноќ; Украинскиот артилериски оган од градот беше објавен во локален канал на Telegram неколку минути пред нападот на пазарот“, се забележува во написот.
Меѓутоа, не се посочува дали на денот на трагедијата имало руски ракетни напади. Руското Министерство за одбрана тогаш негираше дека руските ракетни сили дејствувале во околината на градот и ја отфрли секоја можност дека е гаѓана цивилна цел.
Се истакнува и дека властите во Киев се обиделе да ги спречат новинарите на NYT да добијат простап до остатоците од ракетата и до местото на падот веднаш по ударот. Сепак, новинарите успеале да дојдат до локацијата и да интервјуираат очевидци и да соберат остатоци од проектилот.
Анализата на снимките од надзорните камери кои беа објавени во медиумите и на социјалните мрежи, покажала дека најмалку четворица минувачи истовремено ги свртеле своите глави во правецот од кој доаѓал звукот на проектилот и се заклучува дека тие гледаат во насока на областа која е под контрола на украинската војска.
На снимите се гледа дека неколку моменти пред експлозијата оти одразот на ракетата прелетувајќи над два паркирани автомобили, го потврдува нејзиното долетување од северозападен правец. Истата насока ја потврдил и експерт кој го анализирал настанатиот кратер и штетите во околната област, се додава во написот.
Локални жители изјавиле за NYT дека украинските сили истрелале две противвоздушни ракети кон линијата на фронтот од блискиот град Дружковка. Новинарите на весникот кои биле во областа слушнале звуци од лансирања. За тоа објавија своевремено и локални корисници на социјалните мрежи, според кои времето на лансирањето на противвоздушните проектили се совпаѓа со времето кога ракетата го погодила пазарот во Костјантинивка.
Покрај тоа, еден од очевидците изјавил за NYT дека ракетите биле истрелани од локаци на периферијата на градот кој пред војната имал околу 70.000 жители којашто редовно ја користат украинските сили. Во написот се додава дека репортерите на весникот ја посетиле посочената локација и „виделе знаци на неодамнешно присуство на војници“.
Весникот доаѓа до заклучокот дека големината на кратерите и фрагментите пронајдени на местото на ударот одговраат на формата и големината на рекета 9М38, којашто се лансира од системите за противвоздушна одбрана БУК.
Сумирајќи ги резултатите од истрагата, NYT нагласува дека е нејасно поради што ракетата паднала врз Костјантинивка. Една од верзиите која ја изложува е можен дефект и уривање на проектилот пред да ја достигне целта. На толку кус дострел, помалку од 16 километри, ракетата потрошила најверојатно само мал дел од горивото, од кое преостанат дел експлодирал и се запалил при ударот со што може да се објасни силниот пожар кој го зафати пазарот, се наведува во написот.
За тоа дека ракетата која ја погоди Костјантинивка била лансирана од страна на украинската војска претходно пишуваше и колумнистот на германскиот влијателен весник Bild, Јулијан Ропке, инаку познат по своите антируски ставови. Тој тогаш истакна дека до таков заклучок дошол анализирајќи ги снимките од трагедијата.
Пред десетина дена првиот заменик на постојаниот руски претставник во ОН, Дмитриј Полјански, истакна дека Киев и неговите ментори од Западот се „обидуваат да го забошотат“ ударот во Костјантинивка, како што го „забошотија“ гранатирањето на преполната со луѓе железничка станица во Краматорск. На почетокот од април 2022 година во пад на проектил додека маса луѓе се евакуираа од важниот железнички јазол на истокот од Укриана, загинаа најмалку 39 луѓе а уште околу 90 други беа ранети. Киев и Западот ја обвинија Русија, но фотографиите и снимките покажаа дека станува збор за проектил од типот „Точка-У“, кој го користи само украинската војска со каков лани на 14-ти март беше погоден центарот на Доњецк под руска контрола, кога загинаа 17 цивили а уште 36 беа ранети.