ВИДЕО| Доктор Јовев напаѓа колега на Кардиохирургија

Снимки од надзорни камери во Клиниката за кардиохирургија го снимиле инцидентот меѓу кардиохирургот д-р Сашко Јовев и директорот Марјан Шокаровски. На снимките се гледа и физичката пресметка.

Во дел од медиумите се тврди дека поранешниот директор д-р Јовев го турка в ќош својот наследник д-р Марјан Шокаровски, па во еден момент му удара и шлаканица.
Слободен печат, пак, тврди дека нападнатиот е физиотерапевт, а не д-р Шокаровски.

Минатиот месец на Клиниката за кардиохирургија дојде до вербална расправија меѓу д-р Јовев и д-р Шокаровски. МВР утврдило дека Јовев нападнал друг вработен во болницата.

Министерството за внатрешни работи во врска со пријавите од минатиот месец на Клиниката за кардиохирургија каде дојде до вербална расправија меѓу доктор Сашко Јовев и доктор Марјан Шокаровски во Скопје во консултација со јавен обвинител ги презеде сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Во случајот, според МВР, се утврдило дека Јовев нападнал друг вработен во болницата.

Настанот ќе се води според законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Извршен е службен разговор со лицата, земени се изјави од очевидци, а прибавени се и снимките од видео надзорот. Притоа дополнително е утврдено дека во одделот за интензивна нега С.Ј. физички нападнал друг вработен во болницата. По извршени консултации со дежурен јавен обвинител, добиени се насоки настанот да се води по закон за прекршоци против јавниот ред и мир, бидејќи нема елементи и обележја на кривично дело кое се гони по службена должност. Против С.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок, а по насоки на јавен обвинител за настанот ќе биде известување до ОЈО Скопје, велат од МВР.