Екипата на Борусија Дортмунд извојува победа над Волзбург од 2-0 во првиот меч од денешната програма во германскиот шампионат.
Средбата на „Сигнал Идуна Парк“ донесе шанса на двете страни, а разликата беше во тоа што домаќините успеа да ги искористат и на тој начин победнички да ја стартуваат 2021 година. Човек на одлука беше англискиот репрезентативец Санчо кој прво во 66 минута му асистираше на стоперот Аканџи за водство од 1-0 за да во 91 минута биде тој што ја заврши пеколната контра на „милионерите“ за потврда на трите бода.
Ова за Дортмунд беше осмо сезонско славје со што со 25 бода се наоѓа на 4 место на табелата. Избраниците на Терзиќ ќе имаат вистински тест во следното коло во Бундеслигата затоа што му гостуваат на лидерот РБ Лајпциг.