(ВИДЕО) Доволно е премиерот да исчисти 10 адвокатски канцеларии блиски до него, ако сака да го расчисти судството, вели Димовски

Ако премиерот сака да го расчисти судството, како што ветува и најавува, доволно е да исчисти 10 канцеларии во Скопје и така ќе го среди, рече новинарот Саше Димовски во неговото гостување на „Заспиј ако можеш“.

-А, тие 10 се адвокатите кои се блиски до премиерот со нивните експонирани канцеларии, кои еве и ден денеска, значи јавно и одговорно кажувам, пред некој ден имав средба со човек кој ми ги покажа пораките – побарани му се фиксни суми на пари за одредена пресуда, ги дава парите, ништо не му е направено го губи спорот. Значи на адвокатот кој е висок функционер во СДСМ и кој ги застапува какви не пораки му имаше пишано, искрено го советував дека ќе го уапсат за закани, ми рече – баш сакам да ме уапсат за да кажам колку пари ми зема за да ми ја намести пресудата и не ми ја намести. Тие 10 канцеларии, деноноќно, еве со примери, имаме луѓе на кои им се одлага казната затвор, да не ви спомнам неколку високи јавни функционери, познати фаци, кои се надвор, наводно на лекување. Ништо не им е, меѓутоа за одредена сума се надвор. Тие адвокати, со нивните канцеларии, со претходното раководство, ајде ова е старо само две недели, но со претходното – беа зелено пазарче. Додека не тргнат од своите, кои имаат распространето канцеларии од Битола од Скопје, преку Струмица и Тетово, ние ништо нема да мрднеме, вели Димовски.

Според него, помала е штетата од судиите каква одлука ќе донесат отколку од овие канцеларии, кои во улога на мешетари сега одат од човек до човек, од фирма до фирма и за пари класично купуваат пресуди.