Дрон од типот Ту-141 Свифт во неделата падна на 150 километри од Москва во Киреевск во регионот Тула. Руските медиуми велат дека ист таков беше дронот кој лани падна во Загреб, пишува Индекс. Според агенцијата Тасс, се работи за дрон од украинско потекло.
Леталото кое денеска експлодираше близу Москва било полно со експлозив. Во инцидентот повредени се три лица, делумно оштетени се три станбени објекти.
Според руското Министерство за одбрана(МО), дронот бил соборен со што била сменета неговата насока и паднал во Киреевск.
„Комплексот за електронско војување „Пол-21“ изврши удар врз украински ударен дрон, поради што неговиот навигациски систем беше оневозможен“, соопшти руското МО, пренесува РИА.
BREAKING ‼️
A drone may have felt in Kireevsk, Tula region, in Russia causing destruction and casualties according to local channels.Officially, nothing happened
#Russia #Moscow #Ukraine pic.twitter.com/QCs8mJVtvx— @PStyleOne1 (@PStyle0ne1) March 26, 2023