„Денеска во ДУИ има избори. Вашиот сопартиец Груби не е кандидат во ниту едно тело. Дали партијата се дистанцира од него?“, праша новинар на Телма, на што Бектеши одговори: „Од кај знаете вие дека господинот Груби не е кандидат…?“. На ова, новинарот му посочи: „Јас не знам, тоа ми кажаа уредниците, јас сум од култура, јас сум случајно тука“.
Бектеши кажа: „Не верувам ниту дека вашите уредници учествуваат во консултациите на ДУИ. По два саати ќе има Генерално собрание, ќе ве извести претседателот“.
Новинарот повторно праша: „Вашиот став кој е, бидејќи не е кандидат за ниту едно тело?“.
Бектеши повторно одговори: „Па јас не знам дали е или не е член. Јас за себе не знам дали сум или не сум член. ДУИ е демократска компанија, во ДУИ се гласа, се дебатира. За саат време дојдете во Тетово и следете го работењето на Собранието. Ако вие имате повеќе информации од претседателството на ДУИ, тогаш стварно ме чудите да знаете кои се или не се во претседателството“.
Споменатиот дел од изјавата е во последната минута: