ВИДЕО| Двајца полицајци ранети во престрелка во Атина

Во престрелка меѓу криминалци и полицајци која се одиграла во грчката престолнина Атина ноќта кон неделата, еден напаѓач е убиен а двајца полицајци се ранети, изјави министерот за заштита на граѓаните Такис Теодорикакос под чија надлежност е и полицијата.

„Двајца полицајци во округот Патисија се соочиле со бандити со кои дошло до престрелка, еден од криминалците е мртов. Тие (полицајците) со пожртвуваност и спасиле граѓаните, двајцата е повредени, за среќа лесно“, објави министерот Теодорикакос на Twitter.

Додаде дека заедно со началникот на полицијата ги посетил ранетите во болница за да се запознае со нивната состојба, и ја информираше грчката јавности дека со нив „сѐ ќе биде во ред“.

Според порталот Proto Thema, во соседството се случил вооружен грабеж на бензинска пумпа, полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и дошло до престрелка, во која еден од напаѓачите е убиен а двајца полицајци се ранети.

Според порталот, непосредно пред грабежот во истата област бил застрелан маж. Автомобилот кој го управувал се судрил со друго возило, а по вербалната пресметка смртно бил застрелан. Се наведува дека и двајца од учесниците биле од наводно албанско потекло. Осомничениот го напуштил местото на злосторството со украдено возило и подоцна се упатил, веројатно за да изврши вооружен грабеж, кон блиската бензинска пумпа, каде што бил застрелан од полицијата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=4d2qHx4QV0k&t=11s

https://www.youtube.com/watch?v=v_MJH1hT310