ВИДЕО: Дваесет и осум години од катастрофата во Чернобил

На овој ден ред точно 28 години експлодирал Чернобил реакторот. Светот стана сведок на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.

Од експлозијата биле предизвикани пожари кои траеле десет дена, а околу 300.000 луѓе биле принудени да ги напуштат воите домови.

При експлозијата животот го загубиле само две лица, но Северна Европа била прелеана  од радиоактивни материјали.

Чернобилската катастрофа доведе до повеќе од четвртина милион случаи на рак, од кои речиси 100 илјади се покажаа фатални. Во 2011 година Сојузот на загрижените научници – невладина организација, претпостави дека бројот на смртните случаи како последица на Чернобил ќе се движи околу 25 илјади – или шест пати повеќе  над прогнозата на ОН. А според Меѓународната агенција за канцерозни истражувања, последиците ќе потраат во  животот на 16 илјади Европејци до 2065 година.