Дванаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиноски направи голем подвиг препливувајќи ја маратонската патека во должина од 30 километри од Свети Наум до охриското пристаниште.
Пејчиноски денеска својот подвиг го заполна во тешки услови и по немирни води, но тоа не му пречеше да ја оствари својата цел.
Ако се знае дека имал како дете инфаркт на коските на долните екстремитети, овој подвиг на младиот охриѓанец е навистина за почит.