
Неколку часа по објавата, интернетот „се разгоре“ поради спотот за песната „ M.I.L.F. $”.“. Првата нумера од вториот самостоен албум на Ферги, освен провокативниот назив, сега со видео презентацијата привлекува внимание и поради големиот број славни мајки што се собрани во него.
Видео спотот пристигна речиси истовремено со аудио-верзијата, а во него се појавуваат Криси Тиган, Сиара, Аледандра Амбросио, Наташа Поли и Ким Кардашиан.
Вториот соло албум на некогашната членка на Блек ајд Пис, насловен Double Dutches е во завршна фаза и се очекува да излезе во текот на оваа година.