ВИДЕО: Еди Рама погоден со јајце на собраниската говорница, хаос во албанското Собрание

Седницата на албанското собрание на кратко беше прекината откако пратеникот на опозициската Демократска партија, Ендри Хаша го нападна со јајца премиерот Еди Рама.

Расправата беше прекината за момент, а пратеникот Хаша беше отстранет од салата со интервенција на обезбедувањето.

Потсетуваме дека опозицијата во Албанија се враќа во Собранието по 5 месеци бојкот.